Saturday, December 21, 2013

Џузепе Пинели (кратка биографија)

Џузепе Пинели (21 окт. 1928 - 15 дек. 1969) железнички работник и анархистички активист од Италија кој загинал во притвор од страна на Италијанската полиција во 1969 после неговото апсење. Пинели бил член на миланскиот кружок „Ponte della Ghisolfa“. Тој исто така бил и секретар на италијанската гранка на анархистичкиот Црн крст. Неговата смрт, од страна на рацете на полицијата, е инспирација за претставата на Дарио Фо, Случајната смрт на еден анархист. 

Пинели бил роден во работничко семејство. Работел како доставувач, а потоа како магационер, но сепак наоѓал време да чита и да биде активен во анархистичката група во Милано во 1944 и други групи подоцна, вклучувајќи ја и групата која го објавуваше неделниот весник Il Libertario. Во 1954 нашол работа како железничар. Во 1955 тој се оженил за Луција Рогнини, која ја запознал на курс по Есперанто. За време на 1960-те тој продолжил со анархитичкиот активизам. Тој ги организирал младите анархисти во Gioventu Libertaria (Слободарска младина). Помогнал да се основа кружокот Сако и Венцети во 1965. Тој го основал Ponte della Ghisolfa кружокот (именуван според мост во Милано) во 1968. На 12 декември 1969 експлодира бомба на Piazza Fontana во Милано што убила 17 и повредила 88 лица. Пинели заедно со други анархисти бил уапсен за испрашување во врска со нападот. Тој бил задржан и испрашуван цели три дена, подолго од законските одредби за задржување на осомничен. Точно пред полноќ на 15 декември 1969, Пинели заедно со комисионерот Лиуџи Калабреси, биле под истрага за неговата смрт во 1971, но легалните сослушувања заклучиле дека станува збор за несреќа. Оттогаш името на Пинели е исчистено, а десничарската фашистичка организација Ordine Nuovo е обвинета за бомбардирањето Piazza Fontana (во 2001-ва, три нео-фашисти биле осудени, но пресудата била повлечена во 2004; четвртиот обвинет, Карло ди Џиглио, бил осомничен шпиун на ЦИА кој бил сведок за државата и добил имунитет за неговите обвиненија). Калабреси подоцна бил убиен со два куршума од револвер надвор од својот дом во 1972. Во 1988, бившиот водач на Lotta Continua по име Адриано Софри бил уапсен заедно со Овидио Бомпрези и Григорио Пјетростефани за убиството на Калабрези. Обвиненијата против нив се засновале на сведоштво, 16 години подоцна, од страна на Леонардо Марино, бивш милитант кој го признал убиството на Калабрези, под наредба на Адриано Софри. Иако тврдел дека е невин, Софри бил конечно осуден после едно спорно судење, во 2000. 

Во културните референци, смртта на Пинели е инспирација за: претставата на Дарио Фо со име Случајната смрт на еден анархист, иако во оригиналниот наслов неговото име не е експлицитно наведено. Потоа, сликата „Погребот на анархистот Пинели“ од уметникот Енрико Бај, како и политичкиот документарен филм „12 Декември“ (1972) во режија на Џовани Тринкале и во албумот "Noir... et rouge aussi un peu" 2003-та на бендот Les Amis D'Ta Femme.

No comments:

Post a Comment