Wednesday, July 29, 2009

Организациона платформа на Генералниот сојуз на анархисти (1926)


Вовед

Анархисти!

И покрај силата и несомнениот позитивен карактер на анархистичките идеи, и покрај јасноста и комплетноста на анархистичките позиции во однос на општествената револуција, и покрај хероизмот и небројните жртви на анархистите во борбата за анархистички комунизам, кажува многу тоа што и покрај сето ова, анархистичкото движење отсекогаш останало слабо и најчесто се поврзувало со историјата на борбите на работничката класа, не како одлучувачки фактор, туку како граничен феномен.

Овој контраст помеѓу позитивната суштина, неоспорливата валидност на анархистичките идеи, и мизерната состојба на анархистичкото движење, може да се објасни од бројни фактори, од кои главниот е отсуството во анархистичкиот свет на организациони принципи и организациони релации.

Во секоја земја анархистичкото движење е претставено од локални организации со контрадикторни теории и тактики без планирање однапред или без континуитет на нивната работа. Тие вообичаено се пресвиткуваат по одредено време, оставајќи мала или никаква трага.

Таквата состојба во револуционерниот анархизам, ако го земеме како целина, може да се опише како хронична генерална неорганизираност. Оваа болест на неорганизираност го освои организмот на анархистичкото движење како жолта треска и го држеше заразено со декади.

Сепак, без сомнение е дека оваа неорганизираност има свои корени во одреден број дефекти во теоријата, забележително во извитоперената интерпретација на принципот на индивидуалност во анархизмот, при што во врска со тој принцип е премногу често се греши со отсуството на било каква пресметливост. Оние вљубеници во само-изразувањето со око на личното задоволство се прилепуваат тврдоглаво за хаотичниот услов на анархистичкото движење и во одбрана се повикуваат на неменливите принципи на анархизмот и неговите учители.

Сепак, неменливите принципи и учители го покажуваат токму спротивното.

Дисперзијата предизвикува уништување; кохезијата гарантира живот и развој. Овој закон на општествената борба е еднакво применлив на класите и партиите.

Анархизмот не е убава фантазија, не е апстрактен поим на филозофијата, туку општествено движење на работничките маси; само поради таа причина мора да ги собере своите сили во една организација, константно агитирајќи, според потребите кои ги наложува реалноста и стратегијата за општествена класна борба.

Како што кажал Кропоткин: „Ние сме убедени дека формирањето на анархистичка партија во Русија, далеку од тоа да го прејудицира генералниот револуционерен потфат, е пожелно и корисно во највисок степен.“ (Предговор кон „Париската Комуна“ од Бакунин, [руско издание], 1892)

Ниту пак Бакунин некогаш се спротивставувал на идејата за генерална анархистичка организација. Напротив, неговите аспирации во однос на организацијата, како и неговите активности во Првата работничка интернационала, ни го даваат секое право за да гледаме на него како активен застапник на токму таков модел на организација.

Општо гледано, речиси сите активни борци на анархизмот беа против дифузното делување и сонуваа за анархистичко движење обединето под заедничка цел и заеднички тактики.

За време на Руската револуција од 1917, потребата за генерална организација беше почувствувана најакутно, откако за време на револуцијата анархистичкото движење покажа најголем степен на фрагментација и конфузија. Отсуството на генерална организација предизвика многу анархистички борци да се одлеат во редовите на болшевиците. Тоа е исто и причината зошто денес многу други борци се најдоа во состојба на пасивност што оневозможува било каква употреба на нивните често огромни капацитети.

Ние имаме витална потреба од организација која со привлекувањето на поголемиот дел од учесниците во анархистичкото движење, би воспоставила заедничка тактичка и политичка линија за анархизмот и оттаму би служела како водич за целото движење.

Време е анархизмот да се издигне над мочуриштето на неорганизираноста, да се стави крај на бескрајните неодлучности за најважните прашања од теоријата и тактиките, и одлучно да се оди кон јасно разбраната цел и организираната колективна пракса.

Сепак, не е доволно само да се утврди виталната потреба од таква организација. Исто така потребно е и да се воспостават средства за нејзино создавање.

Ние ја одбиваме како теоретски и практично неоснована идејата за креирање на организација користејќи го принципот на „синтеза“, што ќе рече, зближувајќи ги поддржувачите на различните гранки на анархизмот. Таква организација што ќе опфати pot-pourri од елементи (во услови на нивна теорија и пракса) не би била ништо повеќе од механички збир на личности со различни погледи на сите прашања што го тангираат анархистичкото движење и неизбежно би се растурила соочувајќи се со реалноста.

Анархо-синдикалистичкиот пристап не ги решава организационите тешкотии на анархизмот, бидејќи анархо-синдикализмот не успева да му даде приоритет на тоа прашање и најмногу се интересира за идејата на пенетрирање и правење на исчекор во светот на трудот. Дури и со потпирка таму, нема многу да се постигне во светот на трудот ако немаме генерална анархистичка организација.

Единствениот пристап кој може да доведе до решение на генералниот организационен проблем е, како што може да видиме, во регрутирањето на активните борци на анархизмот врз основа на одредени теоретски, тактички и организациони позиции, што ќе рече врз основа на помалку или повеќе усовршена хомогена програма.

Зацртувањето на таква програма е една од примарните задачи кои општествената борба од минатите декади ги бара од анархистите. И во оваа задача Групата на руски анархисти од странство посвети значаен дел од своите напори.

„Организационата платформа“ објавена подолу претставува скица, скелет на таква програма и мора да служи како прв чекор кон собирањето на анархистичките сили во единствен актив, револуционерен анархистички колектив способен за борба: Генералниот сојуз на анархисти.

Немаме илузии за различните недостатоци во платформата. Како и при секој нов, практичен и истовремено критички потфат, несомнено постојат дупки во платформата. Можно е одредени клучни позиции да се изоставени од платформата, некои други да не се адекватно развиени, или пак други да се премногу детализирани или повторувани. Сево ова е можно, но тоа не е поентата. Тоа што е важно е дека основата за генерална организација е поставена и таа цел е постигната до потребниот степен преку оваа платформа. Задача е на генералниот колектив - Генералниот анархистички сојуз - да ја елаборира и да ја подобри платформата на тој начин што ќе ја претвори во комплетна програма за целиот анархистички свет.

Ние исто така немаме илузии на друга сметка.

Ние очекуваме дека многу претставници на таканаречениот индивидуализам или „хаотичен“ анархизам ќе не нападнат, со пена во устата ќе не обвинуваат за заобиколувањето на анархистичките принципи. Сепак, ние знаеме дека овие индивидуалистички и хаотични елементи ги земаат „анархистичките принципи“ со значење на кавалерски став, безредие и неодговорност, што ќе наметне само неизлечиви повреди над нашето движење и над она за што се бориме со целата наша енергија и страст. Ете, затоа можеме да парираме смирено на било какви напади од таа страна.

Нашите надежи ги полагаме во други - во оние кои останале верни на анархизмот, на работниците, кои ја надживеаја трагедијата на анархистичкото движење и кои со болка бараат излез.

Имаме и високи надежи во анархистичката младина, оние млади другари родени сред ветриштата на Руската револуција и посветени од зачеток на низата конструктивни проблеми, кои несомнено ќе инсистираат на примената на позитивни организациони принципи во анархизмот.

Ги покануваме сите руски анархистички организации, раштркани низ многуте земји во светот, како и индивидуалните анархистички борци, да се соединат во единствен револуционерен колектив, врз основа на генерална организациона платформа.

Нека оваа платформа биде револуционерна лозинка и собирна точка за сите борци на руското анархистичко движење и нека го одбележи раѓањето на Генералниот сојуз на анархистите!

Да живее организираното анархистичко движење!
Да живее Генералниот анархистички сојуз!
Да живее општествената револуција на работниците на светот!

Група на руски анархисти од странство
Петар Аршинов, секретар на групата
20 јуни 1926


Генерален дел

I. Класна борба, улога и значење

„Не постои ЕДНО човештво.
Постои човештво составено од класи:
робови и господари“

Како и сите претходни општества, современото буржоаско капиталистичко општество не е обединето. Тоа е поделено во два различни кампуси, остро разликувајќи се помеѓу нивната општествена позиција и општествена функција: пролетаријатот (во најшироката смисла на зборот) и буржоазијата.

Големиот дел од пролетаријатот со векови го носи товарот на тешкиот физички труд, чии плодови не се распределуваат кај него, туку кај друга, привилегирана класа што ужива во сопственоста, власта и продуктите на духовната култура (наука, образование, уметност) - буржоазијата.

Општественото поробување и експлоатацијата на работничките маси ја формираат основата на која стои модерното општество и без која не може да постои.

Овој факт бил поттик за со векови долгата класна борба, понекогаш во отворена, бурна форма, понекогаш во невоочлива и бавна, но секогаш фундаментално насочена кон трансформација на постоечкото општество во општество што ќе ги задоволи потребите на работниците, нивните побарувања и нивната концепција за правда.

Во општествени параметри, целата човечка историја претставува континуиран синџир од борби на работничките маси во потрага по нивните права, слобода и подобар живот. Во сето тоа време од историја на човечки општества, оваа класна борба била принципиелниот фактор кој ја одредувал формата и структурата на тие општества.

Општествено-политичкиот систем на било која земја е првенствено производ на класната борба. Структурата на било кое општество е показател за фазата на класната борба што е достигната. Најмалата промена во плимата на класната борба и во релативните сили на антагонистичките класи веднаш произведува промена во материјалот и структурата на класното општество.

Ова е генералното, универзално значење на класната борба во животот на класните општества.

II. Потребата од насилна општествена револуција

Принципот на поробување и експлоатирање на масите преку сила лежи во коренот на модерното општество. Сите области на општеството - економија, политика, општествени односи - се потпираат врз класното насилство, чии официјални органи се државните тела, полицијата, војската и судовите. Се во ова општество, почнувајќи од секоја индивидуална фабрика до целосниот политички систем на државата, не е ништо друго освен тврдина на капитал, каде работниците секогаш се набљудувани, каде специјалните сили се секогаш на штрек за уништување на било какво работничко движење што може да биде закана на основите на денешното општество или пак да го наруши мирот на истото.

Во истовреме, структурата на денешното општество автоматски ги држи работничките маси во состојба на неписменост и ментална стагнација: со сила го спречува нивното образование и просветлување така што би било полесно да се контролираат.

Напредокот на денешното општество - технолошкиот развој на капиталот и усовршувањето на политичкиот систем - ја засилува моќта на владејачките класи и ја прави борбата против нив потешка, а со тоа се одложува клучниот момент кога трудот ќе ја достигне својата еманципација.

Анализите на современото општество покажуваат дека не постои поинаков начин за постигување на трансформација од капиталистичко општество во општество на слободните работници освен преку насилна општествена револуција.

III. Анархизам и анархистички комунизам

Класната борба, родена во насилство од многу старата желба за слобода на работниот народ, даде поттик помеѓу угнетените за идејата на анархизмот - идеја на комплетна негација на општествениот систем базиран на класите и на државата, и негова замена со слободно, бездржавно општество на само-владеаните работници.

Анархизмот се разви не од апстрактните рефлексии на некој научник или филозоф, туку од директната борба на работниот народ против капиталот, од неговите потреби и побарувања, од неговата психологија, од неговата желба за слобода и еднаквост, аспирации што станаа особено живи во најхеројските фази на животот и борбата на работничките маси.

Истакнатите мислители на анархизмот - Бакунин, Кропоткин и други - не ја измислија идејата на анархизмот, туку тие ја открија помеѓу масите, тие помогнаа да се развие и да се пропагира преку моќта на нивната мисла и знаење.

Анархизмот не е производ на индивидуална креација, ниту пак објект од индивидуални експерименти.

Исто така, анархизмот не е ни производ на генералните човечки аспирации. Не постои „едно“ човештво. Секој обид да се направи анархизмот атрибут на целото човештво, како што претставително стои, или да се кредитира со генерален човечки карактер, би било историска и општествена лага што неизбежно би резултирала со оправдувањето на денешниот поредок и свежата експлоатација.

Анархизмот е широко хуманитарен само во онаа смисла каде идеалите на работничките маси би ги подобриле животите на сите луѓе, и дека судбината на човештвото денес или утре е врзана со судбината на поробениот труд. Доколку работничките маси се покажат победоносни, целото човештво би се преродило. Ако пак потфрлат, тогаш насилство, експлоатација, ропство и угнетување ќе преовладеат во светот како порано.

Зачетокот, развојот и реализацијата на анархистичките идеали се вкоренети во животот и борбата на работничките маси и се нераскинливо врзани со општата судбина на истите.

Анархизмот цели да го претвори денешното буржоаско капиталистичко општество во општество што ќе ги гарантира плодовите на трудот, слободата, независноста, општествената и политичка еднаквост на работните луѓе. Ова општество е анархистички комунизам. Во анархистичкиот комунизам ќе биде најизразена не само општествената солидарност, туку и идејата за слободна индивидуалност и овие два поими ќе се развиваат заедно одблиску во совршена хармонија.

Анархистичкиот комунизам верува дека единствениот креатор на сите општествени средства е трудот - физичкиот и интелектуалниот - и како резултат, само трудот го има правото на управување со целиот економски и јавен живот. Ете затоа анархистичкиот комунизам не го оправдува или подржува постоењето на не-работнички класи.

Доколку овие класи би опстанале и би коегзистирале со анархистичкиот комунизам, тогаш анархистичкиот комунизам нема да презема одговорност кон нив. Само кога не-работничките класи ќе станат продуктивни и ќе сакаат да живеат во општествениот систем на анархистичкиот комунизам, на исто рамниште како и другите, тие ќе заземат место, т.е. место на слободни членови на општество еднакво за сите, уживајќи во истите права на тоа општество и имајќи ги истите генерални одговорности.

Анархистичкиот комунизам бара искоренување на сета експлоатација и насилство, без разлика дали се однесува на индивидуа или пак работнички маси. Со таа цел тој создава економска и општествена основа што ќе го обедини економскиот и општествениот живот на земјата во хармониско единство и ќе ја гарантира сечија индивидуална еднаквост и ќе овозможи максимално добро за сите. Оваа основа е заеднички посед во формата на социјализација на сите средства и инструменти на производство (индустрија, транспорт, земја, сурови материјали итн.) и создавање на националните економски агенции врз база на еднаквост и самоуправување на работничките класи.

Во параметрите на самоуправувачкото работничко општество, анархистичкиот комунизам го поставува принципот на еднаква вредност и еднакви права на секоја индивидуа (не на „апстрактна“ индивидуалност, или „мистична“ индивидуалност, или пак концептот на „индивидуалност како идеја“).

Од овој принцип на еднаква вредност и еднакви права на секоја индивидуа, исто така и фактот дека вредноста на трудот обезбеден од секоја индивидуална личност не може да се мери или оцени, следат суштинските економски, општествени и судски принципи на анархистичкиот комунизам: „Секој според способностите, секому според потребите".

IV. Негација на демократијата

Демократијата е една од формите на буржоаското капиталистичко општество.

Основата на демократијата е во задржувањето на двете антагонистички класи на современото општество - трудот и капиталот - и нивната соработка врз основа на капиталистичката приватна сопственост. Парламентот и националната претставничка власт се изрази на оваа соработка.

Формално, демократијата прокламира слобода на говор, на печат, на здружување, како и универзална еднаквост пред законот.

Во реалноста, сите слободи се од релативна природа: тие се толерирани се додека не се спротивставуваат на интересите на владејачката класа, т.е. буржоазијата.

Демократијата го остава нечепнат принципот на капиталистичката приватна сопственост. Со тоа, го зачувува правото на буржоазијата да ја контролира целосната економија на земјата, како и на печатот, образованието, науката и уметностите, кои во пракса ја прават буржоазијата апсолутен господар на земјата. Додека ужива во монополот во сферата на економските работи на земјата, буржоазијата е слободна да воспостави своја целосна и неограничена власт исто така и во политичката сфера. Навистина, парламентот и претставничката власт се само извршни органи на буржоазијата во демократиите.

Како резултат, демократијата е само една варијанта на буржоаско диктаторство, нејзините фиктивни политички слободи и демократски гаранции се само завеса од чад дизајнирана за затскривање на нејзиниот вистински идентитет.

V. Негација на државата и авторитетот

Буржоаските идеологии ја дефинираат државата како орган што ги регулира комплексните социо-политички, граѓански и општествени односи на луѓето во современото општество, заштитувајќи го законот и редот на ова општество. Анархистите се во целосна согласност со таа дефиниција, но додаваат дека законот и редот врз кои е втемелено ова општество го кријат поробувањето на широкото мнозинство на луѓе од страна на незначајно малцинство и дека модерната држава служи да го одржи ова поробување.

Државата е и организираното насилство на буржоазијата над работниците и системот на нејзините извршни органи.

Левите социјалисти и особено болшевиците исто така гледаат на буржоаската власт и на буржоаската држава како алатки на капиталот. Но тие веруваат дека, во рацете на социјалистичките партии, државната власт може да стане силно оружје во борбата за еманципацијата на пролетаријатот. Тие се за социјалистичка власт и пролетерска држава. Некои од нив (социјалдемократите) се надеваат дека ќе дојдат до позиција на власт со мирни, парламентарни средства, додека другите (комунистите, левите социјалисти-револуционери) се надеваат да ја зграбат власта со револуционерни средства.

Анархизмот смета дека овие две позиции се фундаментално погрешни и штетни за еманципацијата на трудот.

Државната власт секогаш оди рака под рака со експлоатацијата и поробувањето на масите. Се воздигнува од таа експлоатација, или се креира за неа. Државната власт без насилство и експлоатација ја губи секоја смисла за постоење.

Државата и авторитетот ги ограбуваат масите од нивните иницијативи и го убиваат нивниот дух на независно делување, негувајќи го ропскиот менталитет на покорување, исчекувања и верувања во владетелите и шефовите. Оттука, еманципацијата на работниците е само можна преку процесот на директна револуционерна борба од страна на работничките маси и нивните класни организации против капиталистичкиот систем.

Освојувањето на власта од страна на социјалдемократските партии преку парламентарни методи во рамките на сегашниот систем нема да ја унапреди еманципацијата на трудот ни најмалку, од едноставна причина што вистинската власт, а со тоа и вистинскиот авторитет, ќе остане во буржоазијата, која има целосна контрола врз економијата и политиката на земјата. Улогата на социјалистичките влади во тој случај ќе биде сведена на реформи, подобрувајќи го истиот буржоаски систем (види го примерот на [Рамзи] Мекдоналд социјалдемократските партии на Германија, Шведска и Белгија кои се стекнаа со државна власт под капиталистички систем).

Ниту освојувањето на власта по пат на општествена револуција, ниту организацијата на таканаречената пролетерска држава, не можат да ја унапредат каузата за изворна еманципација на трудот. Државата, под претпоставка создадена за да ја брани револуцијата, неизбежно акумулира сопствени специфични потреби и станува цел за самата себе, мрестејќи привилегирани општествени касти врз кои се потпира, и со сила ги потчинува масите според сопствените потреби како и потребите на привилегираните касти, со што ќе ги реставрира основите на капиталистичкиот авторитет и капиталистичката држава: поробување и експлоатација на масите со насилство (пример е „работничката и селанската држава“ на болшевиците).

VI. Масите и анархистите: улогата на секого во општествената борба и општествената револуција

Главните сили на општествената револуција се во градската работничка класа, селанството, делумно и во работничката интелигенција.

NB: Исто како и градскиот и селанскиот пролетаријат, угнетена и експлоатирана класа, работничката интелигенција е составена од повеќе слоеви, за разлика од работниците и селаните, благодарение на економските привилегии со кои буржоазијата наградува одредени свои членови. Ете затоа, во раните денови на општествената револуција, само помалку богатиот слој од интелигенцијата ќе земе активно учество во револуцијата.

Улогата на масите во општествената револуција и во изградбата на социјализмот е забележливо различна од она што за нив го предвидуваат етатистичките партии. Додека болшевизмот и неговите сродни струи ја заземаат линијата дека работничките маси поседуваат само деструктивни револуционерни инстинкти и дека се неспособни за креативна и конструктивна револуционерна активност - што е нивната главна причина зошто власта треба се стави во рацете на луѓето кои ја сочинуваат владата или партискиот централен комитет - анархистите сметаат дека работничките маси носат во себе голем, креативен и конструктивен потенцијал и тие тежнеат да ги отстранат пречките што го спречуваат ова манифестирање.

Анархистите всушност гледаат на државата како главна пречка, бидејќи ги узурпира сите права на масите и ги лишува од нивните функции во општествениот и економскиот живот. Државата мора да исчезне, но не да биде тоа еден убав ден во општество од иднината. Таа мора да се уништи од работниците на денот на нивната победа и не смее да се реставрира во било каков облик. На нејзино место ќе биде систем од самоуправувачки работнички организации на производители и потрошувачи, обединети на федеративна база. Овој систем ги отфрла организацијата на државната власт и на диктатура на било каква партија.

Руската револуција од 1917 дава пример за овој пристап со процесот на општествена еманципација преку создавањето на систем од работнички и селански совети и фабрички комитети. Тажната грешка беше во неликвидирањето на државната организација во раната фаза - прво власта на Привремената влада, а потоа и на болшевиците. Вторите, искористувајќи ја довербата на работниците и селаните, реорганизирајќи ја буржоаската држава според околностите во тоа време, со помошта на државата ја уби креативната активност на револуционерните маси задушувајќи го слободниот систем на советите и фабрички комитети што ги претставуваа првите чекори кон создавање на бездржавно општество.

Активноста на анархистите е поделена во две фази: предреволуционерниот период и револуционерниот период. Во двата случаи, анархистите можат да ја извршат сопствената улога како организирана сила ако имаат јасно разбирање на целите на нивната борба и на методите што водат кон нивно остварување.

Во предреволуционерниот период, основната задача на Генералниот анархистички сојуз е да ги подготви работниците и селаните за општествената револуција.

Со одбивање на формалната (буржоаска) демократија и државната власт и со прокламирање на целосната еманципација на трудот, анархизмот го сместува најважниот акцент на ригорозните принципи на класна борба, будејќи и негувајќи ја револуционерната класна свест и револуционерната класна непопустливост на масите.

Анархистичката едукација на масите мора да се спроведе во духот на класната непопустливост, анти-демократизам, анти-етатизам и во духот на идеалите на анархистичкиот комунизам, но само едукацијата не е доволна. Потребен е и одреден степен на анархистичка организација на масите. Ако ова треба да се постигне, ние треба да работиме на две линии: на едната страна, селекција и групирање на револуционерни работнички и селански сили врз основа на анархистичка теорија (експлицитно анархистички организации) и, од друга страна, нивото на групирање на револуционерни работници и селани врз основа на производство и потрошувачка (револуционерни работнички и селански производствени организации и слободни работнички и селански кооперативи, итн.).

Работничките и селанските класи, организирани на база на производство и потрошувачка и исполнети со идеологијата на револуционерниот анархизам би биле првенствени помеѓу силните точки на општествената револуција и колку повеќе се воведи анархистичка свест и анархистичка организација кај нив сега толку повеќе ќе се демонстрира анархистичката цел, анархистичката цврстина и анархистичката креативност во часот на револуцијата.

Што се однесува на работничката класа на Русија, после осум години на болшевичко диктаторство, што го заузда природниот апетит на масите за независна активност и заслепувачки ја демонстрираше вистинската природа на сиот авторитет, јасно е дека класата во себе сокрива енормен потенцијал за формирање на масовно анархистичко и анархо-синдикалистичко движење. Организираните анархистички борци мора веднаш и со сите расположливи ресурси да го култивираат тој апетит и потенцијал, пред да се дозволи да дегенерираат во меншевизам.

Анархистите затоа мораат, без одложување да го насочат сиот свој труд во организирањето на сиромашното селанство, кое е угнетено од авторитетите, но ја бара сопствената еманципација и крие енормен револуционерен потенцијал.

Анархистичката улога во револуционерниот период не може да се затвори на проповедање на анархистички слогани и идеи.

Животот може да се гледа како арена не само за проповедање на оваа или онаа идеја, туку и како арена за борба, каде силите што се стремат да влијаат врз општеството маневрираат со цел да добијат идеолошки подобра позиција. Повеќе од било кој друг, анархизмот мора да стане водечка идеја во општествената револуција, бидејќи само благодарение на анархистичките идеи општествената револуција ќе ја постигне комплетната еманципација на трудот.

Водечката позиција на анархистичките идеи во револуцијата имплицира, во исто време, дека анархистите и анархистичката теорија играат влијателна улога во текот на настаните. Сепак, ова влијание не смее да биде забуна за политичко лидерство на етатистичките партии, кои само кулминираат во државната власт.

Анархизмот не цели да ја заземе политичката власт, да создаде диктаторство. Главната аспирација на анархизмот е да им помогне на масите при избирањето на уникатен пат до општествена револуција и општествена изградба. Но, не е доволно само за масите да натежнат кон патот на општествената револуција. Мора да се осигура дека револуцијата се држи до својот пат и до својата цел - отфрлање на капиталистичкото општество во име на општеството на слободните работници. Како што ни покажува искуство од Руската револуција од 1917, не постои лесна задача, главно поради многуте партии кои се обидуваа да го насочуваат движењето во спротивната насока од онаа на општествената револуција.

Иако масите на општествените пресврти се поттикнати длабоко од анархистички тенденции и слогани, тие не се координирани на било кој начин и како резултат тие ја немаат кохерентноста и привлечноста за да станат водечки идеи, што е суштинско доколку општествената револуција сака да ги задржи анархистичката ориентација и цели. Оваа движечка сила на идеи може само да најде израз во специфичен колектив воспоставен од масите за таа изразна цел. Организираните анархистички елементи и организираното анархистичко движење ќе го конституираат тој колектив.

За време на револуцијата, тој колектив, т.е. Генералниот сојуз на анархисти, ќе сноси големи теоретски и практични одговорности.

Ќе треба да покаже иницијатива и да демонстрира комплетна посветеност на секој аспект во општествената револуција, насочувајќи ја ориентацијата и карактерот на револуцијата, граѓанската војна и одбраната на револуцијата, позитивните задачи на револуцијата, новиот систем на производство, потрошувачка, аграрното прашање итн.

За сите овие и многу други прашања, масите ќе бараат јасни и прецизни одговори од анархистите. И откако анархистите ќе го донесат концептот на анархистичка револуција и на анархистичка структура на општеството во јавноста, тие ќе мораат да презентираат прецизен одговор за секое такво прашање, да го поврзат решавањето на тие проблеми со генералниот концепт на анархизмот и да ги сместат сите ресурси за нивна ефективна реализација.

Само така Генералниот сојуз на анархисти и анархистичкото движење можат успешно да ја одиграат сопствената улога како водечка сила на идеи во општествената револуција.

VII. Преодниот период

Социјалистичките политички партии го користат терминот „преоден период“ што се однесува за одредена фаза од животот на луѓето, суштинските карактеристики кои се одделуваат од стариот поредок и се вовед на новиот економски и политички систем, кој сеуште не е спроведен, целосната еманципација на сите работници.

Од овој аспект сите минимални програми на социјалистичките политички партии, на пример демократската програма на опортинистичките социјалисти, или комунистичката програма на „диктатурата на пролетаријатот“, се програми за преодниот период.

Суштинската карактеристика на овие минимални програми е дека тие се однесуваат на комплетната реализација на работничките идеали - нивната независност, слободата и еднаквоста - идеали кои не можат да се реализираат на краткорочен период, и како резултат тие задржуваат цела низа институции од капиталистичкиот систем: принципот на државна принуда, приватната сопственост на средствата и инструментите за производство, наемно ропство и многу други, согласно целите на секоја програма на политичките партии.

Анархистите секогаш биле принципиелни противници на такви програми, заземајќи го ставот дека создавањето на преодни системи ги задржува принципите на експлоатација и принуда над масите што неизбежно води назад кон ропство.

Наместо политички минимални програми, анархистите настојуваат на општествена револуција која би ја лишиле капиталистичката класа од политичките и економските привилегии и би ги сместиле средствата и инструментите на производство, и сите други функции на општествениот и економски живот, во рацете на работниците.

И таа позиција на анархистите стои цврсто и до ден денес.

Идејата за преодниот период, во кој општествената револуција треба да кулминира не во анархистичко општество, туку во некоја друга форма на систем што ќе ги задржи елементите и реликтите на стариот капиталистички систем, во суштина е анти-анархистичка. Таа во себе ја содржи заканата од поткрепување и развивање на овие елементи во нивните претходни пропорции, а со тоа насочувајќи ги настаните во спротивната насока.

Еден јасен пример за ова е режимот „диктатура на пролетаријатот“ воспоставен од болшевиците во Русија, што според нив претставуваше преодна фаза во маршот кон комплетен комунизам, но кој всушност резултираше со реставрација на класното општество, на чие дно, како и порано, ги наоѓаме индустриските работници и најсиромашните селани.

Главниот фокус во изградбата на анархистичкото општество не се состои од гарантирањето на секоја индивидуа, веднаш од денот на револуцијата, неограничена слобода да бара задоволување на нејзините потреби, туку во освојувањето на општествените основи на тоа општество и во воспоставувањето на принципите на односите меѓу луѓето. Прашањето на поголемо или помало изобилство на ресурси не е принципиелно, туку е од техничка природа.

Основниот принцип врз кој ќе биде изградено новото општество, правилото над кое ќе се потпира, така да се каже, и кое не смее да биде ограничено ни на најмал степен е еднаквоста во односите, слободата и независноста на работниците. Овој принцип го содржи основното барање на масите, во чие име тие ќе се кренат на општествена револуција.

Или општествената револуција ќе заврши со пораз на работниците, во кој случај треба се да се започне одново за подготовки на друга борба, свежа офанзива против капиталистичкиот систем; или тоа ќе биде победа на работниците, во кој случај, освојувајќи ги потребните средства за одбрана на самите себе - земјата, производството и општествените функции - тие ќе го втемелат градењето на слободно општество.

Тој момент ќе биде почетокот на изградбата на анархистичко општество, кое еднаш започнато, ќе се развива континуирано, собирајќи сила и константно ќе се подобрува.

Затоа, заземањето на производството и општествените функции ќе биде делбена линија помеѓу државните и не-државните ери.

Со цел да стане собирна точка на борбените маси и на револуционерната епоха, анархизмот не смее да ги крие сопствените основни принципи, ниту пак да ја прилагодува својата програма за асимилација на белезите на стариот поредок, опортунистичките тенденции на преодните системи и периоди; наместо тоа, мора да ги развива своите принципи и да ги рафинира што е можно повеќе.

VIII. Анархизам и синдикализам

Тенденцијата да се контрастира анархистичкиот комунизам со синдикализмот и обратно е тенденција што ја сметаме за тотално вештачка и лишување на сите основи и значења.

Идеите на комунизмот и синдикализмот зафаќаат две различни рамнини. Каде комунизмот, т.е. слободното општество на еднакви работници, е целта на анархистичката борба, синдикализмот, т.е. револуционерното движење на индустриските работници базирано на занаети, е една од формите на револуционерната класна борба.

Во обединувањето на индустриските работници врз база на производството, револуционерниот синдикализам, како и секое синдикално движење, нема одредена идеологија: нема светоглед кој ќе ги опфати сите комплексни општествени политички прашања во сегашнава ситуација. Тоа секогаш ги рефлектира идеологиите на одреден опсег од политички групирања, особено од оние кои најмногу работат во нивните редови.

Нашиот став во поглед на револуционерниот синдикализам следи од тоа што е досега кажано. Без да сакаме да го решиме однапред прашањето на улогата на револуционерните синдикалистички организации веќе во вториот ден од револуцијата (т.е. дали тие ќе бидат организатори на новиот систем на производство во целост, или ќе ја остават таа улога на работничките совети или фабричките комитети?), нашиот став е дека анархистите мора да бидат вклучени во револуционерниот синдикализам како една од формите на работничкото револуционерно движење. Сепак прашањето сега не е дали анархистите треба или не треба да земат улога во револуционерниот синдикализам, туку како и кон која цел треба играат улога.

Целиот период до денес, кога анархистите беа дел од револуционерното синдикалистичко движење како индивидуални работници или пропагатори, е период кога релациите со индустриското трудово движење беа аматерски.

Анархо-синдикализмот, кој се стреми цврсто да ги воспостави анархистичките идеи во левото крило на револуционерниот синдикализам преку создавањето на синдикати од анархистички тип, преставува чекор напред во овој поглед, но сеуште не е подобрен од аматерските методи. Ова е затоа што анархо-синдикализмот не се поврзува со „анархизирање“ на синдикалистичкото движење со организација од анархистички сили надвор од тоа движење. Само кога би била воспоставена таква врска, тогаш е можно да се „анархизира“ револуционерниот синдикализам за да се спречи било какво лизгање кон опортунизам.

Ние го сметаме револуционерниот синдикализам само како синдикално движење на работниците без одредени општествени и политички идеологии, а со тоа самото движење е неспособно самото по себе да ги реши општествените прашања; и како такво, нашето мислење е дека задачата на анархистите во редовите на тоа движење се состои во развивање на анархистички идеи во него и управувајќи го во анархистичка насока, така би се претворило во активна армија на општествената револуција. Важно е да се запомни дека ако синдикализмот не ја даде поддршката на анархистичката теорија во догледно време, тогаш ќе биде принуден да се потпре врз идеологијата на некоја етатистичка политичка партија.

Ударен пример за ова е францускиот синдикализам, кој еднаш заблеска на сметка на своите анархистички слогани и анархистички тактики, пред да падне под налетот на комунистите и, пред се десното крило на опортунистичките социјалисти.

Но, задачата на анархистите во редовите на револуционерното трудово движење може да се изведе само ако нивните напори се тесно поврзани и координирани со активноста на анархистичката организација надвор од синдикатот. Поинаку кажано, ние мора да влеземе во револуционерното трудово движење како организирана сила, одговорна пред генералната анархистичка организација за нашата работа внатре во синдикатите, и примајќи водство од таа организација.

Без да се ограничуваме себеси само на воспоставувањето на анархистички синдикати, ние мора да бараме да ги истакнуваме нашите теоретски влијанија на револуционерниот синдикализам како цело, во сите негови форми (Индустриските работници од светот, руските синдикати итн.). Но, ние ќе го постигнеме ова со работа како ригирозно организиран анархистички колектив, и секако не како мали аматерски групи, без организациони врски или без заедничка теоретска база.

Групите од анархисти на работните места, кои работат да создадат анархистички синдикати, кои се борат во рамките на револуционерниот синдикализам за превласт на анархистичките идеи во синдикализмот и неговата теоретска ориентација и самите водени во нивната активност од анархистичката организација на која припаѓаат - ова е значењето на врската помеѓу анархистите и револуционерниот синдикализам и со него поврзаните револуционерни синдикалистички движења (и формата која треба да ја заземат).


Конструктивен дел

Проблемот на првиот ден од општествената револуцијата

Суштествената цел на трудовото движење и неговата борба е воспоставувањето, преку револуција, на слободно, егалитарно анархо-комунистичко општество базирано на принципот: „Секој според способностите, секому според потребите“.

Сепак, такво општество во неговата комплетна форма нема да се постигне само од себе, туку само со сила на радикална општествена промена. Неговата реализација бара, помалку или повеќе пролонгиран општествено-револуционерен процес, кој е управуван од организирани сили на победничкиот труд одејќи по одреден пат.

Нашата задача е да го посочиме тој пат тука и сега, да се утврдат позитивните, практични проблеми со кои ќе ги соочат работниците од првиот ден на општествената револуција. Самата судбина на општествената револуција ќе зависи од правилното решавање на овие проблеми.

Јасно е и без да се напомене дека изградбата на новото општество ќе биде возможна само откако работниците ќе извојуваат победа над постојниот буржоаски капиталистички систем и неговите претставници. Изградбата на новата економија и новите општествени односи не може да започне се додека моќта на државата која го брани ропството не биде смачкана, се додека индустриските работници и селаните не земат водство во индустриската и аграрна економија на земјата по пат на револуција.

Како резултат, првата задача на општествената револуција е уништувањето на државната машина на капиталистичкото општество, да се симне буржоазијата, и воопшто, сите општествени привилегирани елементи од нивната моќ и универзално да се воспостави волјата на бунтовните работници како артикулирачки во основните принципи на општествената револуција. Оваа деструктивна и агресивна страна на револуцијата ќе го исчисти патот за позитивните задачи што се од вистинско значење и суштина за општествената револуција.

Тие задачи се следните:

  1. Да се изнајде анархистичко решение за проблемот на (индустриското) производство на земјата.
  2. Да се реши аграрното прашање на истиот начин.
  3. Да се реши проблемот на потрошувачката (прехранбените залихи).

Производство

Имајќи на ум дека индустријата на земјата е резултат на трудот на многу генерации на работници и дека различните гранки на индустријата се тесно поврзани, ние гледаме на производството како целина како една голема работилница на производителите, која комплетно им припаѓа на работниците како цело и на никој посебно.

Производствената машинерија на земјата е целина и припаѓа на целата работничка класа. Ова го одредува карактерот и формата на новиот систем на производство. Тој исто така ќе се обедини како целина, заеднички во онаа смисла каде продуктите, произведени од производителите, ќе припаѓаат на секого. Тие продукти, од било каков тип, ќе го претставуваат генералниот фонд на залихи за работниците, од кој секој учесник во новиот систем на производство ќе прими се што има потреба, на еднакво ниво како и сите други.

Новиот систем на производство наполно ќе го отфрли наемното ропство и експлоатацијата во сите нивни форми и на нивно место ќе го воспостави принципот на другарска соработка помеѓу работниците.

Средната класа која во модерното капиталистичко општество извршува средни функции (трговија итн.), како и буржоазијата, ќе треба да ја одигра својата улога во новиот систем на производство на исто ниво како и сите други. Инаку, овие класи ќе се стават себеси надвор од работничкото општество.

Нема да постојат шефови, ниту претприемачи, ниту сопственици или државна сопственост (како што може да се најде денес во болшевичката држава). Во новиот систем на производство, функциите на организирање ќе деволвираат над специјално создадените агенции, наменски создадени од работничките маси: работнички совети, фабрички комитети или работничко управување со фабриките. Овие агенции, одржувајќи комуникација една со друга на општинско, провинциско ниво или ниво на земја, ќе ги сочинуваат општинските, провинциските и потоа генералните (федерални) институции за управување и администрација на производството. Назначени од масите и континуирано подложни на нивно надгледување и контрола, овие тела ќе бидат константно обновувани, а со тоа ќе се постигне идејата за вистинско самоуправување на масите.

Обединето производство, во кое средствата за производство и нивниот плод ќе им припаѓаат на сите, наемното ропство - заменето со принципот на другарска соработка, еднаквостa на правата на сите производители - воспоставен факт, производството - надгледувано од телата на работничките административни тела бирани од масите: овие се практичните први чекори на патот за реализацијата на анархистичкиот комунизам.

Потрошувачка

Проблемот на потрошувачката ќе се покрене за време на револуцијата како двоструко прашање. Прво, принципот на воспоставување на извори на прехранбени залихи. Второ, принципот на дистрибуција на овие залихи.

Што се однесува на дистрибуцијата на прехранбени залихи, решението на ова прашање ќе се темели главно на квантитетот на достапните добра, принципот на експедитивност итн.

При реконструирањето на сиот воспоставен општествен поредок, општествената револуција ја претпоставува како нејзина обврската да се грижи за суштинските потреби на сите. Единствен исклучок ќе бидат оние кои нема да работат, кои одбиваат да ја вршат нивната улога во новиот систем на производство на контрареволуционерна основа. Но, генерално земено, и со исклучок на последната категорија на луѓе, сите потреби на целото население во регионот каде што општествената револуција се одвива, ќе бидат исполнети од генералниот фонд на прехранбени залихи. Доколку квантитетот на добра се покаже како недоволен, тие ќе бидат распределени според потреба, со приоритет на децата, болните и работничките фамилии.

Потежок проблем би бил организирањето на генералниот фонд на прехранбени залихи.

Несомнено, во раните денови на револуцијата, градовите ќе бидат во недостаток од некои основни суштински потреби на населението. Во исто време, селаните ќе имаат изобилство од краткотрајни производи за градовите.

За анархистите, нема да постои сомнеж за заемноста на односите помеѓу работниците во градовите и работниците во селата. Анархистите веруваат дека општествената револуција не може да се постигне поинаку освен преку концентриран напор на работниците и селаните. Следствено, решението на проблемот на потрошувачката во револуцијата ќе биде возможно само преку тесна револуционерна соработка помеѓу двете класи на работници.

Со цел да се воспостави оваа соработка, градската работничка класа, откако ќе ја преземе контролата на производство, мора веднаш да ги пресмета основните потреби и на оние од селата и стремежот да ги снабди со нивните секојдневни потрошувачки добра како и средствата и инструментите за обработка на земјата. Гестовите на солидарност од страна на градските работници во исполнувањето на потребите на селаните ќе повлече слична реакција, и како возврат селаните колективно ќе ги снабдуваат градовите со производите од руралното производство, особено со прехранбени производи.

Генералните работничко-селански кооперативи ќе бидат примарно органи за задоволување на прехранбените побарувања и економските потреби на градовите и селата. Подоцна, со поголемата одговорност за справување со пошироки и повообичаени задачи, пред се снабдувањето на се што е потребно за поддршка и развој на економскиот и општествен живот на работниците и селаните, овие кооперативи ќе бидат преобразени во трајни агенции за снабдување за градот и селото.

Ова решение на проблемот со снабдување со храна ќе му овозможи на градскиот пролетаријат да воспостави постојан фонд на провизии кои ќе имаат поволен и клучен удел во судбината на новиот систем на производство.

Земјата

Во решението на аграрното прашање, ние ги сметаме селските работници - оние кои не го експлоатираат туѓиот труд - и наемниот селски пролетеријат како главните револуционерни креативни сили. Нивната мисија ќе биде да спроведе новата прераспределба на земјиштето, така што земјата може да се користи и обработува по комунистички линии.

Како и индустријата, земјата, поделена и обработувана со генерации на работници, е продукт на напорите на тие работници. Таа исто така им припаѓа на работните луѓе во целина, на никому посебно. Како заедничка и неотуѓива сопственост на работниците, земјата не може да биде предмет на купопродажба. Ниту пак може да се издава од еден или друг, ниту да служи како средство за експлоатирање на трудот на некого.

Земјата е исто така еден вид на јавна работилница каде работничките луѓе ги произведуваат средствата за опстојување. Но тоа е тип на работилница каде, како резултат на одредени историски околности, секој работник (селанец) се навикнал да работи сам, продавајќи ги своите производи независно од другите производители. Ако во индустријата колективниот (комунистички) модел на труд е витално потребен и е единствениот изводлив, во земјоделието денес тој не е единствениот изводлив метод. Мнозинството од селаните ја работат земјата користејќи индивидуални методи.

Како резултат, кога земјата и средствата за работа ќе поминат во рацете на селаните, без можноста за продажба или наемнина, прашањето за тоа како да се користи и што треба да се одгледува (на нивото на комуна или фамилија) нема да биде целосно и дефинитивно веднаш решено, како што ќе биде во случајот со индустријата. Како почеток, ние најверојатно ќе ги користиме овие два методи.

Крајниот модел на држење на земја и нејзино користење ќе се одлучи од самото револуционерно селанство. Нема да постои надворешен притисок за ова прашање.

Сепак, бидејќи сметаме дека само комунистичкото општество, во чие име општествената револуција ќе биде изведена, може да ги ослободи работниците од ропство и експлоатација и да ги обезбеди со целосна слобода и еднаквост; бидејќи селаните се огромното мнозинство од населението (речиси 85% во Русија) и како резултат на тоа, аграрниот систем усвоен од селаните ќе биде клучниот фактор во одлучувањето на судбината на револуцијата, и конечно, бидејќи приватното претпријатие во земјоделието, како и приватното претпријатие во индустријата, води до тргување, акумулација на приватна сопственост и реставрација на капиталот, наша одговорност е токму сега да направиме се во наша моќ да се осигураме дека аграрното прашање ќе биде решено во колективни линии.

Со оваа цел ние сега треба да започнеме да спроведуваме интензивна пропаганда помеѓу селаните за доброто на комунистичкото поседување на земјата и комунистичкото обработување на почвата.

Создавањето на специфична селанска унија со анархистички погледи ќе биде од значајна помош во овој потфат.

Во овој поглед, техничките предности ќе имаат енормно значење во олеснувањето на развојот на земјоделството, како и постигнувањето на комунизам во градовите, пред се во индустријата. Ако во нивната работа со селаните, работниците работат не како одделни групи, туку како голем комунистички колектив кој ја опфаќа секоја гранка од производството, ако помислат на суштинските потреби на селото и го снабдат секое село, не само со секојдневните потребни работи, туку и со алатките и машинеријата за колективна обработка на земјата, ова несомнено ќе ги повлече селаните кон комунизам во земјоделието.

Одбрана на револуцијата

Одбраната на револуцијата е исто така еден од проблемите на „првиот ден“. Во суштина, најмоќната одбрана на револуцијата е успешното решение на предизвиците со кои се соочува: проблемите на производството и потрошувачката и прашањето за земјата. Откако овие прашања ќе се решат точно, ниедна контрареволуционерна сила не би била способна за промена или нарушување на работничкото слободно општество. Сепак, работниците ќе се соочат со горчливата борба против непријателите на револуцијата со цел да се одбрани нивното физичко постоење.

Општествената револуција, која се заканува на привилегиите и на самото постоење на не-работничките класи на денешното општество, неизбежно ќе го испровоцира отпорот на овие класи што ќе земе форма на сурова граѓанска војна.

Како што покажа руското искуство, таквата граѓанска војна нема да биде работа која ќе трае неколку месеци, туку неколку години.

Колку и да бидат успешни работниците во првите неколку чекори на почетокот на револуцијата, владејачките класи ќе задржат голема способност за отпор за подолго време и после одреден период од неколку години тие ќе ја нападнат револуцијата, обидувајќи да ја зграпчат назад моќта и привилегиите што им беа одземени.

Голема и добро опремена армија, подржана од воени стратези и поткрепена со капитал - сево ова ќе им биде спротивставено на победоносните работници.

Ако работниците сакаат да ги задржат придобивките од револуцијата, ќе треба да формираат органи за одбрана на револуцијата, со цел да формира боречка сила што ќе биде на рамништето на задачата, против нападот на реакцијата. Во најраните денови на револуцијата, боречката сила ќе се состои од сите работници и селани кои ќе бидат наоружани. Но, оваа импровизирана вооружена сила би била изводлива во најраните денови, кога граѓанската војна сеуште не го достигнала својот врв и двете спротивставени страни не воспоставиле регуларни воени организации.

Најкритичниот јазол во општествената револуција не е моментот кога авторитетот ќе биде отфрлен, туку времето потоа кога силите на протераниот режим ќе започнат со општа офанзива против работниците, кога придобивките што биле постигнати мора да се заштитат.

Природата на таа офанзива, оружјето користено во текот на граѓанската војна ќе бара од работниците да создадат специфични воени револуционерни тела. Природата и темелните принципи на овие единици мора да бидат поставени однапред. Во одбивањето на етатистичките и авторитарните методи на контролирањето на масите, ние следствено го одбиваме етатистичкиот начин на организирање на работничките воени сили, т.е. ние го одбиваме принципот на армија базирана на задолжителна воена должност. Доброволниот принцип, согласно основните доктрини на анархизмот, е оној што ќе ја обезбеди базата на работничките воени тела. Револуционерните партизански одреди од работници и селани за време на Руската револуција може да се наведат како примери на такви структури.

Сепак доброволната револуционерна служба и партизанското делување не треба да се интерпретира во тесната смисла на зборот, т.е. како борба започната од работничките и селанските сили против локалниот непријател, без координација во облик на сеопфатен оперативен план, каде секоја единица работи под сопствена иницијатива. Кога ќе бидат целосно развиени, партизанските акции и тактики во револуцијата ќе бидат водени од заедничка воена и револуционерна стратегија.

Како и во секоја војна, граѓанската војна ќе се води успешно од работниците само ако двата фундаментални принципи на воената активност се следат: единство во оперативното планирање и единство на заедничката команда. Најкритичното време на револуцијата ќе биде кога буржоазијата ќе маршира како организирана сила против револуцијата, што ќе бара од работниците да имаат ориентир во овие принципи на воена стратегија.

Оттука, со дадените потреби за воената стратегија и стратегијата на контрареволуцијата, вооружените сили на револуцијата неизбежно ќе мораат да се здружат во заедничка револуционерна армија, со заедничка команда и заеднички оперативен план.

Таа армија ќе биде втемелена на следниве основни принципи:

  1. класната природа на армијата;
  2. доброволната воена служба (цела принуда е исклучена во прашањето на одбраната на револуцијата);
  3. револуционерна самодисциплина (доброволната воена служба и револуционерната самодисциплина се заемно комплементарни на секој начин и служат да се направи револуционерната армија посилна од секоја друга државна армија);
  4. тоталната послушност на револуционерната армија на работничките и селанските маси претставени од генералните работнички и селански тела од целата земја, кои ќе бидат создадени од масите во моментот на револуцијата, со дадената задача на надгледување на економскиот и општествен живот.

Со други зборови, органот за одбрана на револуцијата, кој е задолжен за борба со контрареволуцијата и на отворените воени фронтови како и на прикриените фронтови на граѓанската војна (завери од буржоазијата, подготвувањето на бунтовите, итн.), ќе бидат под комплетна контрола на највисоките работнички и селански производствени организации - ќе биде одговорен пред нив и пред нивната политичка насока.

NB: Додека револуционерната армија има потреба од структурирање со одредени анархистички принципи, не треба да се смета како принципиелна точка. Тоа е само последица од воената стратегија во револуцијата, стратешка мерка која процесот на граѓанската војна несомнено ќе ги присили да ја преземат. Но, оваа мерка треба да биде во фокусот на нашето внимание дури и сега. Мора да се проучи темелно дури и сега, така што би се избегнале фатални задоцнувања при заштитувањето и одбраната на револуцијата, бидејќи во време на граѓанската војна, задоцнувањата можат да се покажат како фатални за резултатот од целата општествена револуција.


Организациски дел

Принципите на анархистичка организација

Генералните конструктивни принципи поставени погоре ја претставуваат организационата платформа на револуционерните сили на анархизмот.

Оваа платформа е градена околу одредено теоретско тактичко гледиште. Ова е минимумот при кој сите борци на организираното анархистичко движење мора да се соберат.

Задачата на платформата е да ги собере сите здрави елементи од анархистичкото движење во единствена активна и трајно делотворна организација, Генералниот сојуз на анархисти. Сите активни борци на анархизмот мора да ги насочат своите ресурси во создавањето на оваа организација.

Основните организациони принципи на Генералниот сојуз на анархисти се следниве:

  1. Единство на теоријата
  2. Теоријата е сила која ја води активноста на индивидуалните луѓе и индивидуалните организации по одреден пат кон одредена цел. Природно, таа мора да се сподели со сите личности и сите организации кои ќе се приклучат на Генералниот сојуз. Активноста на Генералниот анархистички сојуз, и општо и во деталност, мора да биде совршено конзистентна со теоретските принципи изнесени од Сојузот.
  3. Единство во тактиката или колективен метод на акција
  4. Тактичките методи применувани од индивидуалните членови или групи во сојузот мора исто така да бидат обединети, строго конзистентни едни со други како и со целокупната теорија и тактика на сојузот. Споделувајќи генерална (заедничка) тактичка линија во движењето е од клучно значење за постоењето на организацијата и на целото движење: го ослободува движењето од конфузијата што се покренува од повеќето меѓусебно спротивставени тактики и ги фокусира сите сили на движењето во заедничка насока што води до одредена цел.
  5. Колективна одговорност
  6. Праксата на делување врз основа на нечија одговорност мора строго да се осуди и отфрли во рамките на анархистичкото движење. Областите на револуционерниот, општествениот и политичкиот живот се длабоко колективни по природа. Револуционерната јавна активност во тие области не можат да бидат базирани на индивидуалната одговорност на поедините борци. Извршното тело на генералното анархистичко движење - Анархистичкиот сојуз - зазема одлучен став против тактики на не пресметливиот индивидуализам и го воведува принципот на колективна одговорност во редовите: сојузот во целина е одговорен за револуционерната и политичката активност на секој член од сојузот; исто така, секој од неговите членови е одговорен за револуционерната и политичката активност на сојузот како цело.
  7. Федерализам
  8. Анархизмот отсекогаш ја отфрлал централизираната организација и во однос на општествениот живот на масите и во областа на својата политичка активност. Системот на централизација се потпира врз задушување на духот на критиката, иницијативата и независноста на секоја индивидуа и врз слепата послушност на масите кон „центарот“. Природна и неизбежна последица од овој систем е поробувањето и механизацијата, и на јавниот живот и на животот на партиите. Спротивно на централизмот, анархизмот отсекогаш го предлагал и бранел принципот на федерализмот, што ги комбинира независноста на индивидуата или организацијата со нивните иницијативи и служењето на заедничката кауза. Со комбинирање на идејата за независност и исполнување на секое право на индивидуата во служба на општествените потреби и инстинкти, федерализмот го поплочува патот за секоја целосна манифестација на способностите на секоја индивидуа. Но многу често федералистичкиот принцип бил деформиран во анархистичките редови; премногу често бил земан за значење примарно на правото да се покаже нечие его и да се занемарат обврските кон организацијата. Оваа дисторзија предизвика голема неорганизираност во нашето движење во минатото и време е да се стави крај на тоа еднаш засекогаш. Федерализмот значи слободен договор на индивидуи и цели организации врз основа на колективен стремеж, со цел да се постигне заедничка цел. Е сега, секој таков договор во било која федеративна унија може да стане реалност (наместо постоење само на хартија) ако суштинските услови се исполнети каде сите страни на договорот и на унијата целосно ги почитуваат обврските што ги зеле и се справуваат со одлуките кои се донесени заедно. Во секој општествен проект, без разлика колку е широка федералистичката основа над кои што се гради, нема да постојат права без одговорност, како што нема да има одлуки без овие да се имплементираат. Тоа е дотолку понеприфатливо во една анархистичка организација која презема обврски само на себе со оглед на работниците и општествената револуција. Како резултат, федералистичкиот тип на анархистички организации, додека се признава правото на секој член на организацијата за независност, слобода на мислење, лична иницијатива и индивидуална слобода, му доверува на секој член одредени организациони должности, барајќи тие целосно да се извршат и нивните заеднички одлуки да се спроведат на дело. Само на овој начин федералистичкиот принцип ќе биде оживотворен и анархистичката организација ќе функционира правилно и ќе се движи кон целта што ја има поставено. Идејата на Генералниот сојуз на анархисти го покренува прашањето на координација на активностите на сите сили на анархистичкото движење. Секоја организација здружена со сојузот, претставува жива ќелија што е дел од целиот организам. Секоја ќелија има свој секретаријат за олеснување на активностите и за обезбедување на теоретско и политичко водење. Со цел да се координираат активностите на сите придружени организации на сојузот, треба да се воспостави специјално тело во форма на Извршен комитет на сојузот. Следните функции ќе бидат пропишани на тој комитет: спроведување на одлуките донесени од сојузот, како што е назначено; надгледување на активноста и теоретскиот развој на индивидуалните организации, со одржување на целосната теоретска и тактичка линија на сојузот; надгледување на генералната состојба на движењето; одржување на функционалните организациони врски помеѓу сите организации членови на сојузот, како и со сите други организации. Правата, одговорностите и практичните задачи на Извршниот комитет се поставени од конгресот на генералниот сојуз. Генералниот сојуз на анархисти има одредена и добро дефинирана цел. За доброто на успехот на општествената револуција, мора пред се да ги одбере најкритичните и револуционерни елементи од селаните и работниците за нивно вклучување во него. Како организација што промовира општествена револуција (и исто така антиавторитарна организација) која бара непосредно уништување на класното општество, Генералниот сојуз на анархисти исто така се потпира и на две фундаментални класи од сегашното општество - работниците и селаните - и еднакво ја олеснува потрагата на двете за еманципација. Што се однесува на градските работнички револуционерни трудови организации, Генералниот сојуз на анархисти мора да се потруди да стане нивни пионер и теоретски ментор. Генералниот сојуз на анархисти си ги поставува себе си истите задачи кога се во прашање експлоатираните селански маси, да служи на својата основа, играјќи ја истата улога како и револуционерните синдикати на градските работнички класи, тоа мора да се обиде да развие мрежа од револуционерни селански економски организации, и понатаму, одреден Селански сојуз изграден на антиавторитарни принципи. Роден од масите на работниците, Генералниот сојуз на анархисти мора да учествува во сите аспекти од нивниот живот, секогаш и секаде носејќи го духот на организација, истрајност, борбеност и волјата за да се продолжи со офанзивата. Само тогаш ќе биде способно да ја исполни својата улога, да ја изврши својата теоретска и историска мисија во општествената револуција на работниците и да стане организираниот предводник во процесот на еманципација.

No comments:

Post a Comment