Monday, January 24, 2011

Анархизам и комунизам

Анархизам и комунизам
од Луиџи Фабри[1]

Постои лоша навика, против која мора да реагираме. Тоа е навиката дека авторитарните комунисти веќе некое време, го поставуваа комунизмот против анархизмот, како тие два поими да се нужно контрадикторни; ја наметнаа навиката дека употребата на овие два збора КОМУНИЗАМ и АНАРХИЗАМ да се взаемно некомптибилни и имаат спротивставени значења.

Во Италија, каде преку четириесет години овие зборови беа употребувани заедно да формираат еден термин, каде едниот збор го комплементира другиот, да формираат најпрецизен опис на анархистичката програма, овој напор да се омаловажи една важна историска традиција и, уште повеќе, да се смени значењето на зборовите наопаку, е апсурд и може само да служи за да создаде забуна во светот на идеите и бескрајни недоразбирања во доменот на пропагандата.

Не постои штета во потсетувањето на тоа што се случило, доволно чудно, на конгресот на италијанските секции на Првата работничка интернационала, среќавајќи се тајно близу Фиренца во 1876-та, што на дневен ред ставено од Ерико Малатеста, беше потврдено дека комунизмот е економското уредување што може најдобро можно да го направи општеството без власт; а дека анархизмот (тоа е, отсуството на сета власт), е слободното и доброволно организирање на социјалните релации, е најдобриот начин да се имплементира комунизмот. Едното е ефективниот гарант за другото и обратно. Оттука конкретната формулација на АНАРХИСТИЧКИОТ КОМУНИЗАМ како идеал и како движење на борбата.

Ние сме индицирале и на други места [види Диктатура и револуција на Л. Фабри] како во 1877-ма Arbeiter Zeitung од Берн го објави статутот на „Анархокомунистичката партија од германско говорно подрачје“; и како во 1880-та на Конгресот на Интернационалистичката федерација од Јура, на Chaux-de-Fonds, се даде одобрување на меморандум од Карло Кафиеро на „Анархија и комунизам“, во истата смисла како и порано. Во Италија во тоа време, анархистите беа најчесто познати како социјалисти; но кога сакаа да бидат конкретни тие се нарекуваа, како што правеа и секогаш, дури до ден денес, АНАРХИСТИЧКИ КОМУНИСТИ.

Подоцна, Пјетро Гори велеше дека социјализмот(комунизмот) ќе ја воспостави економската основа за општество трансформирано преку револуција каква што ние ја замисливме, додека анархизмот ќе биде неговата политичка кулминација.

Како спецификации на анархистичката програма, овие идеи, како што оди поговорката, добија право на граѓанство во политичкиот јазик од времето кога Првата интернационала беше во своите смртни маки во Италија(1880-82). Како дефиниција или формулација на анархизмот, терминот АНАРХИСТИЧКИ КОМУНИЗАМ беше инкорпориран во нивниот политички речник дури од други социјалистички теоретичари кои, кога дојде ред за нивната програма за организација на општеството од економска гледна точка, не зборуваа за комунизам, туку за колективизам, и всушност, се нарекуваа себеси КОЛЕКТИВИСТИ.

Таква беше позицијата сe до 1918; т.е. сe додека руските болшевици, за да се издвојат од патриотските и реформистичките социјалдемократи, решија да го променат нивното име, воскреснувајќи го тоа „Комунистичко“, кое се вклопи во историската традиција на познатиот манифест на Маркс и на Енгелс од 1847, кој сe до 1880 беше развиен од германските социјалисти на чист авторитарен, социјалдемократски начин. Малку по малку, речиси сите социјалисти кои дале заклетва во Третата интернационала, завршија со тоа што се нарекоа самите КОМУНИСТИ, занемарувајќи ја перверзијата на значењето на зборот, поинаквата употреба на зборот преку четириесет години во народниот и пролетерскиот говор, и промените на гледиштата на партиите после 1880-та, оттаму создавајќи вистински анахронизам.

Но тоа беа авторитарните комунисти, а не ние; немаше да постои потреба од дебата за прашањето што тие го заземаа, кога сменија како се викаат, за да се постави јасно што се сменило во идеите што рефлектираа со оваа промена на име. Секако, социјалистите сега станаа комунистии ја променија нивната платформа во споредба со таа поставена за Италија на конресот во Џенова на Работничката партија во 1892 и преку Социјалистичката интернационала на својот конгрес во Лондон во 1896. Но промената на програмата се менува целосно и исклучиво за методите на борбата (прифаќање на насилство, напуштање на парламентаризмот, диктатура наместо демократија, итн.); и не се однесува на идеалот на социјалната реконструкција, единственото нешто што термините комунизам и колективизам го тангираат.

Кога станува збор за нивната програма за социјална реконструкција, за економскиот ред на идното општество, социјалистите-комунисти не се промениле воопшто; тие никогаш и не се замарале. Всушност, терминот „комунизам“ ја прикрива нивнатата авторитарна, колективистичка програма која сe уште во позадина влече од далечното минато, визија на исчезнување на државата, што е ставена пред масиите на свечена пригода за да им го одвлече вниманието од новата доминација, онаа што комнистичките диктатори би сакале да ги подјармат во не толку далечната иднина.

Сево ова е извор на неразбирање и забуна меѓу работниците, на кои им е кажано едно на зборови што ги наведува да помислат во сосема нешто друго.

Уште од антички времиња, терминот КОМУНИЗАМ значел, не метод на борба, уште помалку специјален метод на резонирање, туку систем на комплетна радикална реорганизација на општеството на основа на заедничко поседување на богатството, заедничкото уживање во плодовите на заедничкиот труд за членовите на човечкото општество, за ниту еден од нив да не може да го придобие општествениот капитал за нив самите за нивната исклучива предност за исклучувањето или штета на другите. Тоа е идеал на реорганизација на општеството, заедничко за бројни школи на социјализам (вклучувајќи го и анархизмот); а марксистите не беа првите кои ја формулираа идејата.

Маркс и Енгелс навистина ја напишаа програмата на Германската комунистичка партија во 1847, вистина е, ги поставија нејзините теоретски и тактички насоки; но Германската комунистичка партија постоеше и пред тоа. Тие ги црпеше нивните поимања за комунизам од другите и никако не беа креатори на истото.

Во извонредното жариште на идеи, Првата интернационала, концептот за комунизам беше постојано разјаснуван; и зазеде специјално значење во конфронтацијата со колективизмот, која околу 1880 беше, со заеднички договор, инкорпорирано во политичкиот и социјалниот речник на анархистите и на социјалистите: почнувајќи од Карл Маркс до Карло Кафиеро, од Беноит Малон до Гночи Виани. Оттогаш па наваму, зборот комунизам секогаш имал значење на систем за производство и распределба на богатството во социјалистичко општество, практичните насоки кои беа поставени во формулата: ОД СЕКОМУ СО СПОСОБНОСТИТЕ, ДО СЕКОМУ СО ПОТРЕБИТЕ (во спротивност на колективистичката формула „до секому со плодовите на нивниот труд“ или дури „до секому според нивната работа“). Комунизмот на анархистите, изграден врз политичкиот терен на негација на Државата, беше и е разбран да го има ова значење, да означува прецизно еден практичен систем на социјалистичко живеење после револуцијата, [2]

Во спротивност, тоа што неокомунистите подразбираат под „комунизам“ е речиси најчесто множество од методи за борба и теоретски критериуми за кои се придржуваат во дискусија и во пропаганда. Некој разговор за насилство или државен тероризам што мора да се наметне од социјалистичкиот режим; други сакаат зборот „комунизам“ да означува комплексните теории што се познати како марксизам(историски материјализам, освојувањето на моќта, диктатура на пролетеријатот, итн.); сепак другите речиси чисто и едноставно метод на филозофско резонирање, како дијалектичкиот пристап. Затоа некои – спрегнати заедно зборови што немаат логичко поврзување помеѓу нив го нарекуваат критичен комунизам, додека други научен комунизам.

Како што ние гледаме, тие се во грешка; за идеите и тактиките споменати погоре може да се споделуваат и употребуваат и од комунистите исто така, и да бидат повеќе или помалку компатибилни со комунизмот, ниту пак тие се доволно одделени, каде што тие може да бидат добро компатибилни едно со друго, сосема различни системи, дури и оние кои се спротивни на комунизмот. Ако ние сакаме да се забавуваме себеси со игри на зборови, ние лесно можеме да кажеме дека постојат прилично многу доктрини на авторитарни комунисти, но тоа што е најочигледно отсутно е ништо друго освен комунизмот.

Нека биде јасно дека на никаков начин ние не го оспоруваме правото на авторитарните комунисти да усвојат име какво што сакаат и какво што тие мислат дека е потребно, и да усвојат име што беше наше екслузивно право веќе половина век и дека ние немаме намера да се откажеме од него. Би било смешно да се натпреваруваме за ова право. Но секогаш кога неокомунистите дискутираат за анархизам и држат дискусии со анархисти, постои морална обврска за нив да се преправаат дека не знаат ништо за минатото, и дека имаат основна должност да си го земаат името до таков степен за да го монополизираат, до таков степен што се создава некомпатибилност помеѓу терминот „комунизам“ и терминот „анархизам“ што е вештачки и лажно.

Секогаш кога ги прават овие работи тие се откриваат себеси без било каква смисла за политичка чесност.

Сите знаат како нашиот идеал, изразен во зборот анархизам, земен во програматска смисла на социјализам организиран на слободарски начин, отсекогаш, е познато како анархистички комунизам. Речиси сета анархистичка литература, уште од почетокот на Првата интернационала, припаѓаше на комунистичката школа на социјализмот. Сe до Руската револуција во 1917 двете главни школи во социјализмот беа поделени, од едната страна легалистичкиот, државнички колективизам, а од друга страна, анархистичкиот револуционерен комунизам. Во колкав ли број на полемики, помеѓу 1880-та и 1918-та, сме се судриле со марксистичките социјалисти, денешните неокомунисти, во поддршка на комунистичкиот идеал, а против нивниот германски лаички колективизам!

И така, нивниот идеален поглед за реорганизација остана ист, и неговите авторитарни призвуци станаа уште понагласени. Единствената разлика помеѓу колективизмот што го критикувавме во минатото и диктаторскиот комунизам од денешницата, е тактички и со мала теоретска разлика, а не е прашањето дали ќе се достигне непосредната цел. Вистина, ова нe врзува со Државничкиот комунизам од пред 1880-те на Германските социјалисти (Volkstaat, „народна држава“) против кои Бакунин упати зајадлива критика; исто така и владиниот социјализам на Луиз Бланк, толку брилијантно демолиран од Прудон. Но конекцијата со револуционерните државнички пристапи е само секундарното ниво на политиката, а не на нивото на своето особено еконосмко гледиште (т.е. организацијата на производството и распределбата на производите) од кое Маркс и Бланк имаа поширок, поопшт поглед одошто нивните наследници.

Во спротивност, дихотомијата не е само помеѓу анархизмот и повеќе или помалку „научниот“ комунизам, туку помеѓу АВТОРИТАРНИОТ или ДРЖАВНИЧКИ КОМУНИЗАМ, кој брзо јуриша безглаво кон деспотска диктатура, и АНАРХИСТИЧКИОТ или АНТИДРЖАВНИЧКИОТ КОМУНИЗАМ со слободарска визија за револуцијата.

Ако некој мора да зборува за контрадикција во термините, мора да не биде помеѓу терминот комунизам и терминот анархизам, кои се толку компатибилни што едното не е возможно во отсуство на другото, туку помеѓу комунизмот и државата. Кога има држава или власт, никаков комунизам не е возможен. Барем, толку е тешко да се помири, и толку захтевно за жртва на сета човечка слобода и достоинство, што ниту еден не може да напаѓа дека е невозможно денес, духот на револтот, автономијата и иницијативата е толку раширена помеѓу масите, што гладуваат не само за леб, туку и за слобода.

[1] Иако малку е познато за Луиџи Фабри надвор од анархистичките кругови, тој беше еден од водечките теоретичари и пропагандисти меѓу вториот бран на италијански анархокомунисти (меѓу кои беа Луиџи Галеани, Камило Бернери и Пјетро Гори), активен од доцните 1890-ти па сe до крајот на неговиот живот. Тој беше еден од уредниците на италијанскиот анархистички журнал Il Persiero и пишуваше често за други публикации како Lotta Umana и дневниот весник Umanita Nova.
Во 1926-та, тој успеа да ја избегне „превентивната контрареволуција“ на италијанскиот фашизам, барајќи засолниште во Франција, Белгија, и конечно, откако беше избркан неколку пати, во Уругвај каде евентуално умре во 1935-та година.

[2] Според изворот од каде е преведен овој текст од англиски јазик, оваа реченица останува незавршена.

No comments:

Post a Comment